Трагедија во Бугарија: Изгоре македонски автобус полн со патници
Гостивар, 23 ноември 2021 Новинските агенции и медиуми од Бугарија јавуваат за тежок инцидент со катастрофални последици. Првичните информации се дека во автобус на македонски превозник кој се обраќал кон Турција по автопатото „Струма“ дошло до пожар во кој преживеале малкумина. оригинална вест од БГ НЕС
Четириесет и пет лица, државјани на Северна Македонија, загинаа откако се запали патнички автобус со македонски таблички на автопатот Струма, јавува бугарската новинска агенција БГ НЕС. Трагичниот инцидент се случил утрово во 2 часот по полноќ во близина на селото Бошнек. Пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда. Меѓу жртвите има и 12 деца, изјави министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. Загинал и возачот.
Во автобусот, кој најверојатно патувал за Истанбул, се наоѓале вкупно 53 лица. Преживеаните во несреќата се 7 – 17-годишно девојче и шест возрасни лица. Сите се државјани на Република Северна Македонија. Тие се пренесени во Пирогов. Од болницата велат дека нивната состојба е стабилна и дека се надвор од животна опасност. Шестмина се со изгореници, а еден пациент има повреда на ногата.
Коментарите се затворени.