Тридневна жалост
Гостивар, 23 ноември 2021 Владата на Република Северна Македонија на денешната седница прогласи тридневна жалост поради автобуската несреќа во Бугарија. Државните знамиња пред сите институции ќе бидат спуштени на половина копје.
За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток). Во тој период се одложуваат сите јавни настани, а медиумите треба да ги приспособат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.
Сообраќајната несреќата се случи синоќа на патот „Струма“ во Бугарија во која загинаа најмалку 45 македонски државјани.
Коментарите се затворени.