Започна Techathon 2021 – дводневен младински хакатон
Гостивар, 3 Декември, 2021 (МИА) Над педесет млади во петнаесет тимови го започнаа дводневниот натпревар Techathon 2021 на кој ќе развиваат бизнис идеи со помош на иновативни технологии.
Вториот хакатон на тема „Innovative Youth Entrepreneurship Idea“ се одржува во Младинскиот ресурсен центар iCan во Гостивар и во него учествуваат млади лица на возраст од 15 до 29 години.
Techathon 2021 го организира младинската организација Youth Empowerment Platform и го спроведува Националниот младински совет на Македонија.
– Земајќи ги предвид важноста на претприемништвото, како и нашата мисија да ги поддржиме младите, овој техатон има за цел да им помогне на младите да ги развијат своите креативни и иновативни бизнис идеи. Тој се реализира благодарение на финансиската поддршка од Британската амбасада во Скопје,
Претседателот на Република Северна Македонија, заедно со CeedHub Skopje-појасни Марија Крстевска, Претседател на НМСМ.
На отворањето беше и амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј која ја потенцираше важноста на вложувањето во младинското претприемништво.
– Младите во Северна Македонија имаат извонредни дигитални вештини и токму затоа мора да им дадеме можности преку кои ќе продолжат да ги негуваат своите љубопитни умови. Младите имаат можност да го истражат светот, користејќи широко достапни информации со цел да создадат нови можности за учење, развивање на бизнис идеи, дизајнирање нови производи и барање нови пазари, рече Галовеј.
Натпреварот ќе трае 30 часови, по што ќе бидат оценувани сработените проекти. Најдобрите три идеи ќе добијат финансиска награда во износи од 1500, 1000 и 500 евра. На трите тима, за целосна реализација во центарот CoWork во Гостивар ќе им биде овозможен простор и поддршка за да изготват конкретен бизнис план.
згм
Коментарите се затворени.