Полицајци на Денот на превенцијата посетија неколку градинки

Гостивар, 9 декември 2021 Полициски службеници од СВР Тетово-Отсек за превенција денес во рамките на одбележувањето на Денот на превенцијата, посетија осум детски градинки, по четири во Тетовско и Гостиварско.

При посетите, реализирани во координација со ОБСЕ и одговорните за образование во локалните самоуправи беше изразено обострано задоволство од досегашната соработка во реализацијата на повеќе превентивно-едукативни проекти.

Одбележувањето на денот на превенцијата со вакви активности има за цел најмладите, соодветно на нивната возраст, да се запознаат со основните знаења за сообраќајната безбедност, свест и култура.

Ваква средба имаше и во градинката во Врапчиште, едно поголемите села во гостиварско. Полициски службеници од Полициското одделение Галате ја посетија и мултиетничката детска градинка во Врапчиште. Тие на непосреден начин на најмладите им овозможија да видат дел возилата и опремата што ги користат

– Оваа посета имаше пред за цел пред сè да ги запознаеме децата со опремата во нашите секојдневни активности. Исто така, ова е начин да ги скршиме табуата и предрасудите дека полицајците се страшни и да им укажеме дека не треба да се плашат од нас. Ние се грижиме за нивната безбедност и можеби еден ден некое од нив ќе ни биде и колега, рече командирот на ПС Галате, Екрем Бајрами.

згм

Коментарите се затворени.