Корупцијата е најголемиот проблем на денешницата
Гостивар, 9 декември 2021 Невладиниот сектор на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9-ти декември, потсетува дека корупцијата ги уништува темелите и вредностите на секое општество, институциите и економијата и води кон беда и сиромаштија. Од Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар, ја потенцираат важноста од сузбивањето на корупцијата на локално ниво.
– Демократските потенцијали кои лежат во локалната заедница мора да се искористат во процесот на отстранување или сведување на минимум на сите негативни појави, како што е и корупцијата. Таа е систематски проблем кај нас кој се шири хоризонтално и вертикално и ги допира темелите на едно општество, вели Љуљзим Хазири, извршен директор во АДИ
Во АДИ завршија со низа активности меѓу кои и анализата во која се наведува дека корупцијата е главен проблем во општеството, а податоците доаѓаат од самите граѓани кои во секое истражување ја ставаат корупцијата на прво место во однос на сиромаштијата, ниските плати и нискиот животен стандард.
Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) во рамки на Civic Engagement Project-North Macedonia, подготви Водич за антикорупција во локалната самоуправа.‼ Водичот првенствено е наменет за носителите на одлуки и вработените во локалните самоуправи, но и за практичарите кои соработуваат со претставниците на локалната самоуправа.
Водичот обезбедува практични информации и алатки за поддршка и јакнење на интегритетот на локалните самоуправи, изработени од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Водичот е достапен тука
Коментарите се затворени.