Снегот причина за дефекти на електричната мрежа, делови од Гостивар без струја

Најнова информација:
Снабдувањето со електрична енергија е отежнато и има прекини низ повеќе населби.
Од ЕВН МАКЕДОНИЈА информираат дека заради снегот и лошите временски услови се појавиле дефекти и во мрежата на МЕПСО и во мрежата на ЕВН.
Екипи се испратени на терен, а нема попрецизни информации за тоа, кога снабдувањето со електрична енергија ќе се нормализира.

Коментарите се затворени.