Хуманитарното здружение „Дава“ го реновира основното училиште во Долна Бањица
Гостивар, 17 декември 2021 Училниците и заедничките простории на подрачното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ Долна Бањица се реновирани со финансиска помош на хуманитарното здружение „Дава“.
Претставници на општината, училиштето искажаа задоволство од ангажманот и сработеното. Директорот Нури Мазлами искажа благодарност и посочи дека со оваа инвестицијата условите се значително подобрени.
Првиот човек на „Дава“, Муса Хусин, откри дека оваа иницијатива потекнала од аманетот на неговиот покоен татко и дека тоа е направено во негов спомен.
Тој нагласи дека првично било планирано да се реновираат пет училници, но потоа се реновираа и наставничката канцеларија и сите 16 училници заедно со ходниците.
Валбон Лимани, шеф на кабинет на градоначалникот на Гостивар во име на локалната самоуправа се заблагодари на поддршката на здружението и ја пофали нивната хуманитарна мисија.
Наставата во ова училиште во Долна Бањица се изведува на три јазици: турски, албански и македонски. Доскоро учениците наставата ја следеа во поранешниот објект на ДУТ. Учениците ја напуштија старата зграда откако општина Гостивар објектот беше отворена градинка.
Коментарите се затворени.