Со туѓа лична карта купил телефон и подигнал кредит
Гостивар, 22 декември 2021 Гостиварец се соочува со кривична пријава откако со туѓа лична карта набавил телефон и подигнал брз кредит
Од СВР Тетово информираат дека откриле случај на измама и злоупотреба на лични документи за која е осомничен и приведен еден гостиварец.
Според СВР Тетово, вчеравечер (21 декември) околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода В.Ф.(27). За него постои сомнение за „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.
– Тој се сомничи дека со лична карта од друго лице, кое на 16 декември годинава го пријавило случајот, која наводно ја нашол на улица, склучил договор за набавка на телефон. Подоцна осомничениот подигнал и кредит во скопско финансиско Друштво. По целосно расчистување и документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок, наведуваат од СВР Тетово.
Коментарите се затворени.