Гостиварец обвинет за силување на малолетна девојка
Гостивар, 23 декември 2021 (МИА) ОЈО Гостивар поднесе обвинение против гостиварец кој летово беше осомничен за силување на малолетна девојка.
Од јавното обвинителство информираат дека по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Обвинетиот 31-годишен жител на Гостивар, на 27 јули, со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години, наведуваат од обвинителството
Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.
На денот кога е пријавено силувањето, оштетената, која е невенчана сопруга на братучет на обвинетиот, дошле на гости и се задржале подолго време. По некое време, откако останале сами, оштетната излегла надвор да види каде е сопругот. Обвинетиот искористил прилика и се нафрлил врз девојката. Таа според пријавата давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија.
Коментарите се затворени.