Промовирана книгата „Меѓународно право за правата на човекот“ на Абдулмеџит Нуредин

Гостивар, 25 декември 2021 На пригодна свеченост по повод „21 декември Денот на образованието на турската заедница“ и патронен празник на Меѓународен Универзитет „Визион“ во Гостивар, беше промовирана книгата „Меѓународно право за правата на човекот“. Нејзин автор е проф.д-р. Абдулмеџит Нуредин.

Оваа книга која може да се користи и како учебник има 76 тематски целини, групирани во четири поглавја на над седумстотини страници.

На промоцијата беше кажано дека во првиот дел од оваа книга се содржи концептуалната рамка на правото за човекови права“, вториот дел е „Заштита на човековите права на универзална димензија“, третиот дел е „Заштита на човековите права на регионално ниво“ и последниот дел е „Заштита на човековите права во европското право“.

– Меѓународно право за правата на човекот“ е исклучително значајна книга која ги надминува рамките на учебник за студентите и експертите во областа. Таа е оригинална и внимателно аргументирана со анализа на 1.453 фусноти, од 608 извори објавени на 19 различни јазици. Таа воедно е значајна и заради фактот дека прва книга објавена на турски јазик од областа на „Меѓународно право за правата на човекот“ во нашата држава, беше кажано на промоцијата.

Книгата ја издаде Меѓународен Универзитет Визион во Гостивар и е четврто дело на Абдулмеџит Нуредин.

Коментарите се затворени.