Снежно „а капела“ изненадување од Sarah Mace & The Christmas Girls
Гостивар, 27 декември 2021 – Зимскиот период освен како сезона на споделување убави нешта и зближување со најблиските, познат е и како време за уживање во звуците на најубавите празнични евергрини. Низ целиот свет се вртат илјадници изведби во различни стилови и јазични верзии.
Во празничната еуфорија на прагот од 2022 година се приклучи и Сара Мејс, заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска со вистинско празнично музичко изненадување.
Новата изведба на познатата „Santa Claus is coming to town“, во оригинална „а капела преработка“, е дел од новогодишниот проект на Sarah Mace & the Christmas Girls, насловен како „A Cappella Christmas Carols“.
Аранжманот е на Теа Богатинова, песната е снимена во студиото „Алшар“, а видео записот е снимен за време на снимањето на албумот, кој што брои вкупно 8 песни. Истите ќе бидат откриени до крајот на оваа година и дополнително ќе ги разубават празниците на сите генерации.
Видео записот од „Santa Claus is coming to town“ e достапен на следниот YouTube линк: https://youtu.be/wJeFm3wlqJ4
Коментарите се затворени.