Уште една несреќа со животно на коловоз: „поло“ удрило во коњ, потешко повреден сопатник
Гостивар, 29 декември 2021 Гостиварец задобил тешки повреди откако возилото со кое возел налетало на коњ, што слободно се движел по коловоз. Вакви несрeќи годинава имало 16.
Според СВР Тетово, ноќеска (29 декември), половина час по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (27) удрило во животно. Во несреќата, сопатникот во возилото, Г.М.(48) од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди. Помош му била прижена во гостиварската болница „Ферид Мурад“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Годинава, во гостиварскиот регион ргистрирани се 16 несреќи предизвикани од животни. Најмногу, десет биле со кучиња, две со коњи, а имало и диви животни, дива свиња, јазовец, срна и една овца.
Коментарите се затворени.