Скенирање на фискални сметки ќе има и оваа година, МОЈ ДДВ нема да се укине
Гостивар, 6 јануари 2022 Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска ги оцени како шпекулација тврдењата дека ќе се укине пректот Мој ДДВ. Таа посочи дека преку оваа мерка досега им се вратени повеќе од три милијарди денари на околу 350 илјади корисници.
– Сметам дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата и навремено ќе ја информираме јавноста. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт до сега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката. Ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка”, рече Лукаревска на вчерашната прес-конференција во УЈП.
Коментарите се затворени.