Фатен крадец на техничка стока
Гостивар, 13 јануари 2022 Лице осомничено дека е сторител на повеќе кражби на техничка стока и опрема е приведено во полиција. При претрес кај него се најдени предмети кои најверојатно претходно се украдени од сопствениците
Според СВР Тетово, вчера попладне (12.01.2022 година во 18:15 часот) полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода лицето П.Е. (35) од Гостивар. Тој се сомничи дека сторил кривични дела „тешки кражби“, извршени во текот на декември 2021 од деловни објекти во Гостивар.
– Кај него биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците, наведуваат од СВР Тетово.
Осомничениот П.Е. е приведен и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Коментарите се затворени.