Откриени четири неисправни возила што вршат јавен превоз
Гостивар, 13 јануари 2022 Две возила на гостиварското и уште толку на тетовското подрачје вчера се исклучени од сообраќај. Возачите ќе добијат казни по 400 евра.
Според СВР Тетово, полициски службеници во рамки на контролите за откривање и санкционирање на лица кои управуваат технички неисправни возила, вчера (12.01.2022) откриле и санкционирале четири технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-2), кои вршат јавен превоз.
Возилата веднаш биле исклучени од сообраќај до отстранување на констатираните неисправности.
За ваквите прекрошоци на сопствениците и возачите изготвени им се соодветни поднесоци, при што ќе се соочат со парична глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност.
Коментарите се затворени.