Годинава ќе има повеќе пари за мерките за вработување

Гостивар, 1 февруари 2022 (МИА) Првиот човек на државната Агенција за вработување, Беким Мурати најави надополнување на активните мерки за вработување и повеќе пари за таа намена. Тој оцени дека минатогодишниот план се реализирал речиси во целост, односно 96,4 проценти.

Мурати оствари средба со раководителот на Центарот за вработување Гостивар, Хисен Амзаи и со вработените и на состанокот го анализираа сработеното предвидено со Оперативниот план за 2021-ва година и спроведување на мерките наменети за невработените. Се разговарало и за претстојниот кој е во фаза на подготовка.

– Оперативниот план за 2022-ра година е во подготовка и за биде реализиран предвидуваме повеќе пари од ланскиот кој изнесуваше 1,5 милијарда денари. Засега сме во фаза на подготовка и тоа се прави со Министерството за труд и социјална политика. Очекувам овој месец да помине и на Влада, со што и ќе почнат активностите за спроведување, рече Мурати.

Во новиот план е предвидено да се содржат речиси сите мерки како и претходно: субвенционирање на плати, самовработување со кредитирање, а новите мерки ќе бидат во склад со побарувачката на пазарот на трудот.

Преку активните мерки лани во Гостиварско работа нашле 270 лица и за нивното оспособување се вложени 1,2 милиони денари.

Според првиот човек државната агенција за вработување за годинава е предвидено да подноват и реконструираат четири центри во Гостивар, Кичево, Охрид и Струга. За подобрување на условите за работа, од буџетот на агенција предвидено е да се издвојат околу педесет милиони денари.

згм

Коментарите се затворени.