Информативна сесија за јавниот оглас за финансиска поддршка на клубови, здруженија
Гостивар, 5 февруари 2022 Локалната самоуправа ги информира сите заинтересирани за добивање финансиска поддршка да учествуваат и да се запознаат со условите како да се пријават за користење на средства од општинскиот буџет.
„Во понеделник (07.02.2022г.) со почеток во 13:30 часот, во салата на Советот на општина Гостивар, ќе се одржи ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА во врска со ЈАВНИОТ ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија, клубови и проекти на правни и физички лица.
На оваа ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА се поканети да учествуваат сите заинтересирани физички и правни лица кои имаат нејаснотии околу јавниот оглас.
Рокот за доставување на пријави по огласот е до 15.02.2022 година, наведуваат од општина Гостивар.
Коментарите се затворени.