Плакети за медицинарите кои лекуваа „ковид-пациенти“ во гостиварската болница
Гостивар, 10 февруари 2022 (МИА) Медицинскиот персонал во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ доби благодарници и плакети за нивниот ангажман во лекувањето на пациенти заболени од Ковид 19.
Од управата на болницата информираа дека вчера на вработените во инфективното одделение, лабораторијата и одделенијата кои биле ковид-центри директорот Јакуп Јакупи им ги врачил плакетите како дел од соработката со Министерството за здравство.
– Овие се симболични признанија за целиот медицински персонал кој во целиот период на пандемијата го дадоа максимумот од себе и беа на првата линија во борба против корона вирусот, рече директорот Јакупи.
Тој изрази и јавна благодарност до сите компании, трговци и поединци кои донации и на друг начин ѝ помогнаа на најголемата здравствена установа во гостиварската општина.
згм
Коментарите се затворени.