Фатен на граница со часовник вреден 115.000 евра, му го зеле и „поршето“
Српската царина информираше дека на граничниот премин Прешево спречила обид за криумчарење на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра. Осомничен е македонски државјанин, кому покрај скапоцениот часовник, му го заплениле и возилото „порше“ во кое патникот пристигнал на преминот.
Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед ги демантирал нивните тврдења.
Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква пропратна документација, иако станува збор за стока со голема вредност.
Бидејќи не ја пријавил стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан. Но, привремено е одземено и возилото, бидејќи вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на возилото што се користело за транспорт на стоката. На паркинг ќе остане и привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С
Во забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донесе првостепена пресуда со која на македонскиот државјанин му изрече парична казна од 150.000 динари (1.275 евра) и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и возилото „911 Porsche Career“).
Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети со прекршок ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш.
Коментарите се затворени.