Осуденик спроведен во затвор, расветелно разбојништво маркет
Гостивар, 20 февруари 2022 Полицијата ноќва спровела едно лице на издржување на казна затвор и попладнето уапсила едно лице осомничено за разбојништво во маркет во населбата Леска.
Од СВР Тетово информираат дека ноќеска (20 февруари), педесетина минути по полноќ, полициски службеници на ОВР Гостивар, со судска наредба, го привеле 24-годишниот А.Б.од гостиварски Балиндол. Тој бил осуден на 3-годишна затворска казна за кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.По приведувањето А.Б. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор “Идризово” во Скопје за издржување на казната.
Вчера попладне (19 февруари) околу 15 часот и 45 минути, на улица “Гоце Делчев” во Гостивар, е лишен од слобода А.С.(35) од Гостивар. Тој е осомничен дека околу 12 часот извршил разбојништво во маркет на улица “Драге Тодоровски” во Гостивар. А.С. со употреба на сила врз вработената во маркетот, од касата одзел пари и избегал. По преземените активности, полицијата го открила и расветлила случајот.
Коментарите се затворени.