Четворица гостиварци останаа без дозволи, возеле пијани
Гостивар, 20 февруари 2022 Саботната вечер некои гостиварци ја искористиле да се забавуваат и да се напаијат некоја чашка повеќе. Сообраќајците откриле четворица кои имале повеќе алкохол во крвта од дозволеното.
Вчеравечер (19/20 февруари) од 22 до 4 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е сообраќајна акциска контрола за алкохол, во која биле откриени и санкционирани 12 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол (ТЕ-8 и ГВ-4). Сите “алкохолизирани” возачи веднаш биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се законски предвидените поднесоци.
При контролата, исто така, санкционирани се и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-4).
Коментарите се затворени.