Тамара Волческа со песна првенче „Do You Remember“
Гостивар, 21 февруари 2022 Гостиварката Тамара Волческа, вчеравечер, на 20.02.2022, во 20 часот на Јутјуб каналот ја промовираше својата прва песна „Do You Remember“.
Првенчето на оваа 24-годишната пејачка е авторско дело тимот: Весна Малинова како продуцент и Јордан Манов аранжер, а Тамара го напиша текстот.
„Текстот беше напишан во убав период од мојот живот, едноставна емоција создадена за други времиња и после краток период го прифатив и како дело и чувства кои ги доживував. Кога ќе направам времеплов, денес ја доживувам многу поразлично и токму во тоа се крие пораката преку спотот што го направивме“, вели Волческа, која е автор на текстот на песната.
Спотот кој беше промовиран на специфичен датум (со двојки и нули) го изработи тимот:
режија : Александар Нешкоски,
камера : Стефан Димитриески
монтажа : Рони Хамид,
светлосни ефекти : Миталип Черкези,
шминка: Марија Лазарова.
Снимањето беше во центарот за култура, а како танчарка се појавува Теодора Волческа, сестрата на Тамара.
„Снимањето на спотот, е тоа е вистински ден за прераскажување. Јануари, без греење, се тресеа вилици и колена. Секој со своите улоги трча наваму-натаму, желби за перфекција, смеење, сцена во еден кадар со боја на која мислам дека сите бевме возбудени. Беше лудо, ќе го паметам цел живот“, раскажа Тамара.
Таа вели дека е уметник што целосно сака да се посвети на музиката, иако работи во АРМ. Дел од јавноста ја споредуваат со светската ѕвезда Били Ајлиш.
„Во една прилика кажав дека не е возможно да не се почувствуваш убаво да те споредуваат со светска ѕвезда чија музика ја обожавам и ме инспирира. Но, сакам моето име, она што јас го носам во себе и го давам да биде акцент на моја автентичност и покрај изгледот. А за Били, верувам дека за некоја година ќе го имам тоа задоволство да прифатам понуда за дует, па ете да се најдеме на иста сцена“, вели Тамара.
„Како воено лице, предизвиците во животот ги дочекувам со голема гостопримливост, борбеност, силна верба во она доброто и уште поцврст чекор после секое паѓање“, додава таа.
Песната на Тамара официјално ќе биде промовирана во вторник во 12 часот (за (прв пат на радио) и наредниве триесет денови ќе се емитува два пати на ден во емисијата „Ја Ја – Го сакам Гостивар со три песни“
а во меѓувреме погледнете го видеото тука
Коментарите се затворени.