Дивље Јагоде со синглот „Blue Nights Without You“ најавуваат нов албум
Гостивар, 24 февруари 2022 Темата со наслов „Blue Nights Without You“ (Сините ноќи без тебе) е прва песна на Дивље јагоде по албумот „Џубокс“ и воедно е најава за нов студиски албум.
Во својот препознатлив авторски печат, основачот на бендот, Сеат Зеле Липовача, на публиката ѝ подарува уште една жестока рок песна со која покажува дека и по повеќе од 40 години, Дивље Јагоде уште се на тронот. Според Зеле, авторот на музиката, текстот и продукцијата на оваа песна, докажаниот вокален дует на Тони Јанковиќ и Ливио Берак повторно брилјираше. Тој откри и неколку детали од претстојниот студиски албум. Албумот ќе го издаде Croatia Records пред почетокот на летото оваа година. Оваа недела, Зеле потпиша нов ексклузивен договор со најголемата регионална издавачка куќа која долги години го следи него и Дивље јагоде.
„Повеќето песни за новиот албум ќе ги отпее добро координираниот тандем Тони Јанковиќ и Ливио Берак во дует или соло. Како и на претходните два албума, повторно ќе носиме гости, а засега е извесно дека тоа ќе бидат Тифа и Чипи од групата Освајачи“, вели Зеле.
Зеле и Дивље јагоде ја продолжуваат соработката со студиото Шмишмиш (Šišmiš) каде што песната е снимена, миксана и мастерирана. Спотот е направен под режисерската палка на Полковникот Дабров (Pukovnika Dabrov). Видеото е снимено од Јово Миливојевиќ и Теодора Влаховиќ, а во продукција на RetroMetro & JohnDoeProduction.
Новиот сингл ќе го пруштиме промотивно во „За прв пат на радио“ во 14:00ч
а тука погледнете го видео записот
Коментарите се затворени.