Албанската заедница го слави денот на учителот 7-ми март
Гостивар, 7 март 2022 Локалната самоуправа и неколку образовни институции во Гостивар и околината го одбележаа „7-ми март денот на учителите“.
Во ОУ „Исмаил Ќемали“ беше организирана изложба со дела на учениците кои учествуваа на конкурс, попладнето ќе има и концерт во центарот за култура. Градоначалникот Арбен Таравари традиционално имаше прием и заеднички ручек со пензионираните просветни работници кои предавале на албански јазик.
Градоначалникот пред стотина пензионирани наставници се заблагодари на нивниот ангажман во воспитувањето на повеќе генерации, нарекувајќи сенатори на знаењето во овој град.
– Привилегија и среќа е да го поминам 7 март со вас, денот на секој што ја носи оваа почесна титула. Сакам во име на сите, на оние кои прават како сакате, но и на оние кои можеби нема да одат по патот кој им определувате, Ви благодариме драги учители и јас бидам вечно ваш ученик, рече Таравари на приемот во ресторанот Игнација.
Во ОУ „Исмаил Ќемали“, по повод празникот беше отворена групна изложба на ликовни дела на ученици од сите десет општински основни училишта кои учествува на конкурсот што го организираше општина Гостивар. На најдобрите три труда им беа додели дипломи и парични награди.
Гимназијалците ќе прослават со миниконцерт, а во средното техничко со пригодна програма и спортски турнир.
Коментарите се затворени.