Презентирана Студијата за оценка за влијанието на санитарна депонија во Русино
Гостивар, 9 2022 Пошироката јавност имаше можност да се запознае и да даде забелешки на Студијата за оценка на влијанието врз животната средина за изградба на санитарна депонија за цврст неопасен комунален отпад во Русино. Јавната расправа која се одржа во салата на советот на општина Гостивар во организација за Министерството за животна средина и просторно планирање е дел од напорите на властите за решавањето на проблемот со отпадот во полошкиот регион.
Систематско подобрување на управувањето со цврстиот комунален отпад во Полошкиот регион, создавање на прописна санитарна депонија во блиска иднина во Русино и развој на постапка за нејзино затворање, се главни цели на проект кој подолго време се спроведува во овој дел на државата и беше дел барањата на граѓаните во гостиварско.
Изминативе година и половина во „Русино“ се спроведуваа истражувања како дел од студијата. Во неа се вметнати и ставовите на локалните самоуправи, невладините организации и теренските истражувања. Според Марјан Михаилов, експерт за животна средина, во моментов „Русино“ е само едно големо ѓубриште и голем еколошки ризик.
Од истражувањата се покажало дека подземните и надземните води и воздухот се со лош квалитет. Со реконструкцијата на депонијата ќе се воспостави контролен механизам за елиминирање на овие фактори кои негативно влијаат на животната средина. Заклучоците на студијата покажуваат дека со создавањето на санитарна депонија во Русино, како преодно решение, идентификуваните влијанија врз животната средина можат да се избегнат со спроведување на соодветни мерки и соодветна контрола.
– Предвидени се мерки и планови што да се прави во периодот на изградба, за време на работата на депонијата и за време на затворањето. Затворањето значи посебен аспект бидејќи секоја депонија и по затворањето бара технички проекти и финансиски средства. Во планот за истражување има и конкретни мерки за тие што ќе ги изведуваат работите таму, за операторот што ќе управува со депонијата и на крајот за затворање, рече Маријан Михајлов, експерт за животна средина.
Претставниците на ресорното министерство кои учествува на расправата рекоа дека спроведувањето на предвиденото во студијата не претставува закана за животната средина. Неговата реализација ќе донесе придобивки за заедницата, а изградбата на санитарна депонија во Русино ќе се реши проблемот со комуналниот отпад.
Еден од важните сегменти кои беа презентирани е тоа што депонијата Русино, како санитарна депонија да функционира најмногу 10 години, а потоа таа да се затвори.
– Паралелно со овој процес ќе отпочне постапка за изнаоѓање на нова локација за регионална депонија. Вкупната површина на локацијата е 117.850 м2, а има капацитет за прием на вкупно количество на отпад од 1.050.000 m3 или 90.000 – 100.000 тони годишно.
На јавната расправа, на која присуствуваа претставници на деветте општини од полошкиот регион и претставници на институциите, претставници на невладиниот сектор и граѓани, беа презентирани и алтернативните решенија за депонијата Русино.
За едно барањата на гостиварци кои пред две години со протести бараа нејзино дислоцирање експертите кажаа дека затворањето на постоечката депонија и нејзино дислоцирање во овој момент е скапа и несоодветна алтернатива и ќе чини над 16 милиони евра.
– Изнаоѓањето на нова локација може да потрае најмалку пет години. И затоа се препорачува изградба на санитарна депонија во Русино, а во истовреме отпочнување на постапка за изнаоѓање на нова локација, појаснија експертите.
Зуди Џелили, раководител на Секторот за екологија при општина Гостивар смета дека за гостиварската локална самоуправа, на чија територија е депонијата Русино студијата е прифатлива, но според првичните анализи покрај поволностите има и некои аномалии.
– Транспортот е една од заканите. Движењето на повеќе возила од други општини ќе го оптовари сообраќајот и ќе биде дополнителен ризик за граѓаните. Студијата предвидува депонијата да се прошири за 12 хектари, а тоа за општината е обврска за да изврши експропријација на приватно земјиште и финансиско оптоварување, рече Џелили.
Како негативни страни тој нагласи дека и по затворањето на депонијата „Русино“ ќе има ширење на лоша миризба која би се чувствувала и во други делови. Од општината бараат гаранција за ефикасна заштита на подземните води на подолг рок.
На јавната расправа беа презентирани и веќе преземените активности за подобрување на состојбата во депонијата Русино. Досега, изграден е систем за управување со исцедокот. Инсталирана е вага со која точно се утврдуваат количините на отпад што пристигнуваат на локацијата. За да се намали нивото на прашина што се генерира при транспорт, Центарот за развој на полошкиот регион, со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен развој, спроведе проект за реконструкција на пристапниот пат до Русино. Поставена е и ограда по должина на патот за да се спречи нелегално фрлање на отпад покрај патот, а се разгледуваат и нови сообраќајни решенија.
Исто така, формирано е меѓу-општинско регионално претпријатие за управување со отпад, кое почна со работа. Неговата работа ќе биде финансирана од сите општини во Полошкиот регион и од јавните и приватни компании за собирање на отпад кои ќе дефинираат надомест за депонирање на отпад на депонијата.
Студијата за оценка на влијанието врз животната средина е јавно достапна на интернет страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, како и на интернет страниците на Општина Гостивар и на Центарот за развој на Полошкиот плански регион.
на следниот линк
Коментарите се затворени.