Фатен измамникот кој „закрпи“ трговец во Гостивар
Гостивар, 10 март 2022 Полицијата денес во Тетово приведе повеќратен измамник и за кој постои соменж дека вчера измами трговец во Гостивар и за помалку од 24 часа е на праг да го расветли случајот.
Полициски службеници на ОВР Гостивар денеска (10 март) околу 14 часот и 30 минути, во близина на крстосницата на улиците “Иво Лола Рибар” и “Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ш.Ш. За него постои сомнение дека извршил десетина различни измами на тетовско-гостиварското подрачје, во периодот од септември минатата до март оваа година, кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Според информации на RADIO G лицето кое е лишено од слобода е поврзано со последната измама која пишуваме
Коментарите се затворени.