При претрес во гостиварско пронајден кокаин, приведено едно лице

Гостивар 25 март 2022 (МИА)  При претрес на куќа во гостиварското село Чегране со судска наредба, полицијата пронашла поголема количина кокаин и пари. Од слобода е лишено e едно лицe.

Од СВР Тетово, информираа дека синоќа во 22.40 часот во домот на Ш.Ш. (46) во Чегране, гостиварско, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршиле претрес. Пронајдени биле и одземени 22 пакувања кокаин и пари.

Ш.Ш. е приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик — „неовластено производство и пуштање во наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“. 

згм

Коментарите се затворени.