Избрани финалистите на поетскиот фестивал „Литературни искри“ 2022
Гостивар, 17 април 2022 По завршувањето на конкурсот за пријавување и оценувањето на пристигнатите поетски творби, организаторот на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ го објави списокот со годинешните финалисти.
Тричлената жири комисија во состав: Наташа Сарџоска (претседателка),Раде Силјан и Бранко Цветковски од 161 пријава во двете категории ги издвои дванаесетте автори и го направи „Златниот одбир“. Овие автори ќе конкурираат за наградите на фестивалот.
Финалисти на деветто издание на „Литературни искри“ се:
Ведрана Петрова (Скопје), Милчо Мисоски (Струга), Наташа Николов (Жарково, Белград-Србија), Ана Дедова (Кочани), Белинда Сипкоска Гаштарова (Битола), Емилија Авгинова (Велико Трново,Бугарија), Катарина Петрова Трендова (Кочани), Десанка Николова (Велес), Бреда Славинец (Бенедикт,Словенија), Димитриј Давитков (Пробиштип), Тони Павлески (Прилеп), Софија Петковска (Скопје).
Доделувањето на наградите: Гран при, прва, втора и трета награда, Најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска ќе биде на 21мај 2022. Жири-комисијата по оценувањето направи и избор на автори кои со по една песна
ќе бидат застапени во заедничката поетска збирка што традиционално се издава во склоп на фестивалот.
Овогодинешното издание на манифестацијата е поддржано од Министерството за култура и општина Гостивар.
Коментарите се затворени.