Малолетник прободен во грб по тепачка во Форино
Гостивар, 20 април 2022 (МИА) Еден малолетник завршил во болница со убодни рани по тепачка со други малолетни лица. Полицијата сомничи двајца малолетници и работи на расчистување на случајот.
Според СВР Тетово, вчеравечер (19 април) во 22 часот и 30 минути било пријавено дека половина час пред тоа во гостиварско Форино еден малолетник бил повреден со остар предмет. На повредувањето му претходела вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу 3 малолетници.
Еден од малолетниците со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, кој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Повредениот е задржан на лекување.
На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се очекува во текот на денот да биде извршен разговар со двајцата малолетници, во присуство на родители, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.
згм
Коментарите се затворени.