За еден ден, полицијата напиша двесте казни за брзо возење
Гостивар, 20 јуни 2022 Се вози препрзо и по автопатите, но и низ населени места. Во текот на вчерашниот ден сообраќајците по патиштата кои минуваат низ Полог откриле и казниле речиси двесте „брзи возачи“.
Од СВР Тетово информираат дека вчера (19 јуни) во рамките на сообраќајно-контролните активности за управување на возилата со брзина поголема од максимално дозволената, на тетовско-гостиварското подрачје изрекле вкупно 199 мерки, од кои 128 во Тетово и 71 во Гостивар.
Контролите се овивале во периодот од 8 до 21 часот
– Од вкупниот број, 123 мерки биле за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место. Од нив, 6 возила пречекориле за повеќе од 70 километри на час, а 35 возила до 70 километри на час, наведуваат од полицијата.
Покрај ова, биле санкционирани и 76 пречекорувања во населено место, од кои 4 до 50 километри на час, како и 33 други видови сообраќајни прекршоци“, информира полицијата.
Коментарите се затворени.