Нови претседатели на ограноците на Алијанса за албанците и ДУИ
Гостивар, 21 јуни 2022 Деновиве, членството на гостиварските ограноци на две политички партии ги избраа лидерите. Во неделата на изборно собрание на огранокот на Демократската унија за интеграции (ДУИ) за претседател беше избран Валдет Џафери. Претходно, кандидатури имаа повеќе кандидати, а во крајниот избор се најдоа Џафери и Мерсел Садику. Претходно со гостиварскиот огранок раководеше Башким Хасани, актуелен заменик министер за одбрана.
Од синоќа, нов претседател на гостиварскиот огранок на АА е Газменд Абдија. Негов против кандидат за лидерската позиција беше Исак Љазами. Абдија е професор во гостиварската гимназија и доаѓа на местото на Јетон Селими, кој со огранокот раководеше речиси седум години.
Коментарите се затворени.