Трагедија на добиточниот пазар: Бик го усмрти стопанот
Гостивар, 4 јули 2022 Повозрасен жител на селото Врбен од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион. Трагидијата се случила утрово кога стопанот се обидел да го повлече животното да се симне на локацијата кај што се продава добиток за претстојниот муслимански празник Курбан бајрам.
Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од гостиварското село Врбен.
Според првичните информации, старецот се обидел да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош.
Набргу тој им подлегнал на повредите. Јавен обвинител и екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот и по извршениот медицински преглед телото на починатиот било предадено на семејството. згм
Коментарите се затворени.