Пожарникарите добија возило со противпожарни скали
Гостивар, 11 јули 2022 Гостиварската противпожарна единица се опреми со специјално возило за интервенција на поголеми висини. Станува збор за камион со скали (ескалатор) со должина од речиси 30 метри.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари со соработниците ја посети против пожарната единица и лично им се заблагодари на донаторите.
– Ова е корисна опрема за нашите пожарникари и значително ќе се подобрат условите на ТППЕ при гаснење пожари во повеќекатници и за други интервенции на висина. Со ова возило ќе се олесни пристапот, а ќе се зголеми и ефикасноста и брзината на делување на нашите пожарникари. Им благодарам на Меѓународното хуманитарно здружение „Хасене“ на донацијата, рече Таравари.
Хајул Имери и Екрем Билали претставници на „Хасене“ чие седиште е во Германија, на примопредавањето потенцираа дека им е драго што оваа донација ќе биде корист на единицата која се грижи за безбедноста на граѓаните. Тие најавија дека до крајот на годината, за потребите на ТППЕ ќе обезбедат уште едно специјално возило.
Коментарите се затворени.