Општина Гостивар ќе спроведува проект „Градење на здрави животни навики на момчињата“
Гостивар, 19 септември 2022 (МИА) Општина Гостивар во соработка со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) ќе работат на спречување и надминување на врсничкото насилство меѓу средношколците и креирање на локална политика за млади,
Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари и извршниот директор на ЦИКП, д-р Марија Ристеска. Со него е дефинирана соработката на проектот „Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров“ којшто се спроведува со проектните партнери CARE International Balkans.
– Целта на проектот е позитивното трансформирање на однесувањата кај младите момчиња со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство, наведуваат од општина Гостивар.
Во проектот кој ќе трае 12 месеци, ќе бидат вклучени општинските средни училишта: Преку него, младите ќе се мобилизираат за утврдување на приоритети, вклучување во креирање локална политика за млади.
згм
Коментарите се затворени.