Соработката меѓу општините и централанта власт ќе ги реши проблемите со отпадот
Гостивар, 1 ноември 2022 (МИА) Соработката меѓу локалните самоуправи централанат власт ќе придонесе тррајно решеавње на проблемите со отпадот на територијата ан целата држава, оваа порака ја испрати Насер Нуредини министер за животна средина и просторно планирање по посетата на депонијата Русино во општина Гостивар. Тој придружуван од градоначалниците во полошкиот регион и амбасдароката на Швајцарската федерација се запознаа со функционирањето и условите во кои делува нововоформрианото меѓуопштонско претпрријатие „Русино-Поло“. Министерот искажа задововолство од сработеното и соработката со Швајцарста федерација на регионаланта депонија Русино и посочи дека треба интензивно да се работи на втората фаза.
– Во тој правец работиме на организирано собирање и управуавње со отпадот на терторијата на целата држава. За таа цел изготвивме и предлог закон со кој ќе се кредитира кој за жал и по пет месеци се наоѓа во собраниска процедура. Решавањето на проблемот со управувањето со отпадот во бара силна поддршка од највисоките владини органи. Во таа насока е и заемот од ЕБОР кој ќе ни помогне да го финализираме целиот процес на оспоставување на системот за управување со отпад за сите региони вклучително и за Полошкиот регион, рече министерот Нуредини.
Амбасадорката ан Швајцарија Вероник Улман по посетата на депонијата Русино посочи дека со изменетиот начин на управуавње настанала трансформација и искажа задоволство до сработеното. Таа посочи дека од суштинска важност за е работењето на ЈП Русино и препорача сите општини во Полог и јавните претпријатија што пренесуваат отпад да ги исполнат финансиските обврски.
– Одржливоста на регионалното јавно претпријатие е клучна за управувањето со депонијата Русино. Со оглед на тоа дека швајцарската поддршка завршува годинава, од огромна важност е јавното претпријатие да продолжи со работа и самостојно ефикасно управување со депонијата, рече амбасадорката Улман.
Швајцарија го поддржува унапредувањето на услугите за управување со отпад во Полошкиот регион од 2018 година. Со финансиска поддршка од 1,9 милиони швајцарски франци беше подготвен План за регионално управување со отпад, беше основано регионално јавно претпријатие и беа спроведени мерки со брз ефект за депонијата Русино.
Коментарите се затворени.