Општините од Полог должат 7 милиони денари за депонирање на отпад
Гостивар, 1 ноември 20222 Деветте општини од полошкиот регион на претпријатието кое управува со депонијата Русино му должат седум милиони денари за депонирањето отпад. Речиси половината од долгот е на Гостивар и Тетово.
Финасниското работење и наплатата се закана која може да придонесе за застој во работата, посочи директорот на ЈП Русино Полог, Бесим Догани. Тој кажа дека општините и комуналните претпројатија должат блзиу седум милиони денари, од кои најмногу Гостивар и Тетово.
– Би било добро да се најде начин и подмирување на заостанатиот долг и да се обезбеди тековното одржување на депонијата. Ако операторите два дена не работат на депонијата, шансите за враќање на старата состојба се многу големи. Општините Гостивар и Тетово, должат најмногу со оглед дека тие ги носат носат најголемите количини отпад, вели директорот Догани.
Градоначаниците на Тетово Биљал Касами и Гостивар, Арбен Травараи кажаа дека општина Тетово има недостиг од фиснансики средства, а Гостивар е со блокирана сметка и дека во скоро време ќе подмират обврските.
За да се обезбеди редовна работа и да се подмират компниите оператори кои работатат на депонијата и за плати на 12 вработени на ЈП Русино-Полог му се потребни околу 25 илајди евра секој месец.
Коментарите се затворени.