Легендарната „Ако умрам ил загинам“ на новиот албум на Црвена јабука
Гостивар, 7 декември 2022 На новиот албум на Црвена јабука – „Нека нова јутра“, кој деновиве се најде пред фановите ја има и песната „Ако умрам, ил загинам“, на легендарниот македонски автор Јонче Христовски.
Неодамна, новиот студиски албум „Нека нова јутра“ го најавивме со истоимената тема, но сега го разбуди интересот кај домашната публика токму со преработката елегичната Ако им ил‘ загинам.
За љубителите на овој сараевски бенд преку нашите пријатели најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records и слушателите на Radio G обезбедивме три нови синглови.
Новото дискографско издание има петнаесет песни со ретро звук со кој потсетуваат на „Јабука“ од нејзините најдобри денови. Како и секогаш, темата на песните е љубовта, а на многу од нив се провлекуваат контурите на Сараево.
Покрај Џеронимо, авторскиот тим го сочинуваат: Дино Мухаремовиќ, Фадил Бутуровиќ, Драгана Кајтазовиќ-Шенковски, Мирза Хамзакдиќ Харо, Амир Мисирлиќ и Златан Фазлиќ.
Автор на повеќето песни, кои се на новиот албум, е Мирко Шенковски Џеронимо кој заедно со Дражен Жериќ Жера и Ларис Пашалиќ ги потпишува и сите аранжмани на песните.
Албумот содржи и преработка на големиот хит на Нови фосили – „Тонка“, која Жера ја отпеа во спомен на големиот композитор и пријател Рајко Дујмиќ и Марио Пејиќ. Меѓу ни е и е песната „Ако умрам, ил загинам“, напишана од Јонче Христовски, која во оваа прилика Жера ја отпеа на нему својствен начин.
фото: Карла Матулина
Коментарите се затворени.