Одбележан 23 декември, денот на општина Гостивар, признанија за истакнати гостиварци
Гостивар, 23 декември 2022 (МИА) – Во присуство на гости и личности од јавниот живот, во салата на општинскиот совет на пригоден начин беше одбележан денот на општина Гостивар, 23 Декември. Со плакети и благодарници, локалната власт им се заблагодари на истакнати личности кои го афирмираат родниот град.
На пригодната свеченост по повод Денот на општината, на првиот градоначалник од воведувањето на повеќепартискиот систем, Енвер Зенку му беше врачено признанието „почесен граѓанин на Гостивар“ и симобличниот „клуч на градот“
Плакети за нивниот придонес и афирмацијата на градот во областите: уметност, спорт, образование и културата, добија: Анди Исмаили – светски шампион во модерен балет,
д-р проф. Фадил Хоџа- ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“,
Лиза Абдија – актерка,
Даниел Ѓорѓески – ракометен интернационалец
и младиот пистаел Метин Мемед.
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во обраќањето напомена дека е горд гостиварец, набројувајќи ги предзвиците со кои се соочил во раководењето, порачувајќи дека во општинското раковоство немало и ќе нема политички реваншизам.
– Општината им припаѓа на сите, јас сум убеден дека Гостивар ќе стане подобро место за живеење. Вие сте домаќините, а ние сме вработените. Инспирацијата ја добивам од нашите предци и историјата и горд сум на Гостивар, што е град на историјата, културата, знаењето, порача градоначалникот.
Коментарите се затворени.