Таравари: Утре треба да привршат преговорите за влез во влада

Гостивар, 7 февруари 2023 (МИА) Преговорите за влез во владината коалиција на политичката партија Алијанса за албанците се при крај и најверојатно до утре тие ќе завршат, изјави за МИА лидерот, Арбен Таравари

Тој на прашањето до каде се преговорите и кога да се очекува конечно да биде објавен влезот во Влада, претседателот на АА појасни дека повеќето прашања се затворени и дека поголемиот дел од работите се договорени.

– Се надевам дека денес или утре конечно ќе ги завршиме прегорите за евентуалниот влез во владата и тоа официјално ќе го објавиме, рече Таравари

Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијанса е резервиран и напомена дека за тоа сè уште разговара и како што нагласи не би било коректно да зборува во овој момент. Тоа според него се должи на меѓупартиските консултации на владините коалиционери.

– Сè ќе биде појасно до утре, но ќе почекаме на консултациите кои се во тек помеѓу работните групи на партиите од владиното мнозинство, подвлече Таравари.

згм

Коментарите се затворени.