Четири години од трагедијата кај Ласкарци
Гостивар, 13 февруари 2023 (МИА) На комеморативен собир во малиот парк на градскиот плоштад членови на семејствата на настраданите и гостиварци ја одбележаа годишнината од загинувањето на шестнаесетте патници кај скопското село Ласкарци.
Покрај членови на семејствата на настраданите, нивни пријатели, на собирот беа и преставници на локалната самоуправа и општинскиот совет. Тие во обраќањата испратија пораки: вакви трагедии не треба да се повторуваат и надлежните институции да ги дадат одговорите за причините кои доведоа до трагедијата.
Јасин Демири од општина Гостивар, напомена дека во малиот парк во центарот на градот е уреден простор кој претставаува спомен-парк. На ова место пред два месеци беа засадени 16 дрвја (тиса), а од недомна се поставени табли со имињата на загинатите патници. Иницијативата беше на роднините на настраданите и беше реализирана во соработка со локаланата самоуправа ЈП „Градски паркиралишта и зеленило“.
Во спомен на загинатите беа вклучени 16 рефлектори кои беа насочени кон небото.
На овој ден во 2019-та година, на линија Скопје – Гостивар, автобус на превозникот „дурмо Турс излета од коловозот со 51 патник. Како последица на повреди задобиени но нсереќата животите ги загубија: Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.
За овој случај се води судски процес во Кривичниот суд во Скопје . Шест лица се обвинети за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Коментарите се затворени.