Православните христијани денес го слават Свети Трифун
Гостивар, 14 февруари 2023 Празнувањата понекогаш се повод за дебата. Дали да се слави, што се слави, како се слави.. и уште многу прашања може да се нанижат. Судирот на аргументи често доведува до расправии, па наместо славење да се влезе во кавга. Нејсе тоа.
Без намера да ги повредуваме личните убедувања, ќе пренесеме едно видување за кое мислиме дека е пригодно за денот.
Ова е дел од текст преземен од Отец Пимен, познат и како митрополит Европски (МПЦ ОА).
Денес си спомнуваме за светиот маченик Трифун.
Други тврдат дека денеска бил ден на љубовта. И е.
…ама што подразбираме денес ние под љубов е вечното прашање. Денес љубовта ја мешаме со плотска страст и ги полниме трговците со пари за бонбони, балони и цвеќиња, прстени…
Но, во тоа се разликува нашата вера и нашата љубов од верата и љубовта на св. Трифун. Во почитувањето на заповедта Христова за љубовта кон ближните и кон непријателите, а не во цитирањето канони, палењето библии, не во пиењето вино, ни во купувањето скапи подароци.
За многу години драги ем мили мои.
Целата содржина може да ја прочиташ тука
Коментарите се затворени.