Градоначалникот Таравари и претседателот на гостиварскиот совет Лимани на самит во Дубаи
Гостивар, 14 февруари 2023 (МИА) Градоначалникот на општина Гостивар и претседателот на советот Ваљбон Лимани учествуваат на тродневниот Светскиот владин самит. Овој собир, десетти по ред се одржува во Дубаи од 13 до 15 февруари е под мотото „Обликување на идните влади“
Првиот човек на општина Гостивар и лидер на политичката партија Алијанса за албанците искажа задоволство од поканата на, како што се напоменува во соопштението, глобален дигитален состанок, чија цел е унапредување на стабилноста и просперитетот во светот.
– Заедно со политички лидери и бизнис секторот и експерти од целиот свет, ќе разговараме за тоа како меѓународната заедница може да се справи со сегашните и идните глобални предизвици кои влијаат врз развојот на човештвото, наведува Таравари.
Тој придружуван од претседавачот на гостиварскиот општински совет разменат и пораки со учесниците за теми делувањето на владите за да се понудат конкретни и законски можности за промовирање на иновации во различни сектори кои влијаат на стабилноста и еднаквоста.
Учеството на овој самит е резултат на поканата на Омар Султан Алома, државен министер за вештачка интелигенција на ОАЕ и соработката со амбасадорот во на Република Северна Македонија во ОАЕ во Абу Даби, Абдулкадер Мехмеди
Коментарите се затворени.