Казнети 35 возачи за пребрзо возење
Гостивар, 20 март 2023 Сообраќајците „во радар“ фатиле 35 возачи кои викендов возеле со брзини над пропишаните. Еден од „брзите“ возел над 150км/ч. По ова останал без возачка дозвола, а ќе плати и глоба од 400 евра.
Од СВР Тетово информираат дека овој викенд се реазлизирани повеќе сообраќајно-контролни активности за поголем ред и безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион.
– Вчера (19 март) од 12 до 18 часот спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која биле откриени и санкционирани 35 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Едно од пречекорувањата било за над 70 километри на час, 12 до 70 километри на час, наведува портпаролот На СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Покрај ова, санкционирани се и 27 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 8 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите да не брзаат непотребно и да ја приспособат брзината според условите на патот. Ова посебно се однесува на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје каде и најчесто се пречекорува дозволената брзина за 50 и повеќе километри на час. – Истото се однесува и на регионалните и локалните патишта, а крајна внимателност им се препорачува на возачите и по градските улици, пред сè по влезните улици во Тетово и Гостивар. Со тоа најнепосредно тие ќе придонесат во континуираните напори што се преземаат за поголема лична и вкупна сообраќајна безбедност на ова подрачје, подвлекува Јосифоски.
Коментарите се затворени.