RIS FLOWER направи преработка на “Сите мои слики” од Ареа (ВИДЕО)
Во пресрет на мајската промоција на новиот албум, Ris Flower за прв пат се појавува со песна на македонски јазик – преработка на „Сите Мои Слики“. За љубителите на македонската музика ова е своевидно освежување кое веќе е на програмата на Radio G.
Артистот кој во јавноста се претставува како Ris Flower, заедно со својата екипа од Турција и Велика Британија, на 23 години по првичното објавување, направи „cover“ – преработка на еден од хитовите на Ареа – „Сите мои слики“.
Новиот звук на последната верзија на „Сите Мои Слики“ е постигнат во соработка со светски мајстори на својот занает и има свеж, модерен звук.
„Огромно задоволство, но исто така предизвик и одговорност беше да се преработи песна која е буквално химна на многу генерации. Чест ми е што добив одобрување од членовите на „Ареа“ за преработка на овој хит, вели Ris Flower.
Тој напоменува дека музиката на оваа група, а посебно песната „Сите Мои Слики“ имала големо влијание на него како автор. Па, затоа во пресрет на албумот кој треба да излезе оваа пролет, решил да направи и со тоа да изрази благодарност кон македонската музика и нејзиното влијание
Ris Flower на овој проект соработува со продуцентот Мустафа Чанбазлар и Џон Дејвис од Метрополис студио во Лондон, мастеринг инженер на The Killers, Gorillaz, Dua Lipa, Led Zeppelin, Lana Del Rey, U2, Blur, Nick Cave и многу други.
Инаку, продуцент и аранжер на новата снимка е Мустафа Чанбалзар, миксот на Арикан Сарикаја, мастерингот на Џон Дејвис – „METROPOLIS STUDIO“ – а материјалот е сниман во студио: „STUDIO ARI“ – Истанбул. За новиот сингл на Ris Flower со преработката на „Сите мои слики“ снимен е и видеоспот кој го изработи Давид Михајлов
Коментарите се затворени.