Парни Валјак со нова песна и нов пејач во нова ера (ВИДЕО)
Гостивар, 22 март 2023 – По мистериозната најава од пред два дена, без да се открие името на новиот пејач, веќе стана јасно и потврдено е дека новиот пејач на Парни Валјак е Игор Дрвенкар
На официјалната страница и по профилите на бендот се најави премиерата на новиот сингл:
„Моја глава, мои правила“ (Moja glava, moja pravila“ feat. Igor Drvenkar) премиера на нашата нова песна на радиостаниците во регионот, а премиера на видеоспотот на нашиот Јутјуб канал од утре на пладне во 12 часот, напишаа на ФБ профилот на Парни Валјак/ Parni valjak
Во соработка со нашите добавувачи на добра музика Кроација рекордс Македонија (Croatia Records Makedonija) обезбедивме една ексклузива. Лидерот на бендот, Хус во изјавата појаснува дека Парни Валјак продолжуваат со работа со новиот пејач. Ова е новост, бидејќи во кулоарските муабети, по смртта на Аки Рахимовски, се навестуваше крај на еден од најуспешните бендови на поранешните Ју простори.
„Ја објавуваме новата песна која е создадена пред неколку месеци и си го бараше својот глас. Во кадарот се појави Игор Дрвенкар. Не го познаваме, но нè собори со неговата енергија пристапот и гласот. Си рековме, тоа е тоа. Одиме понатаму, отвораме ново поглавје, вели Хус.
Парни Валјак по смртта на Аки Рахимовски (лани 22 јануари) направи само концерти со пријателите како почит и разделба со харизматичниот пејач.
Игор Дрвенкар, новиот вокалист има забележителна кариера во Хрватска, а на пошироката публика и е познат по настапите во музичкото шоу А-страна.
За новата песна текстот и музиката ги напиша Хусеин Хасанефендиќ Хус, а според звукот, бендот го задржува стилот со мелодични гитарски фрази.
Како звучат Парни Валјак без Аки ќе слушнете во 12 часот во „За прв пат на радио“ во 12:00 часот на Radio G 106,4.
Доколку сакате да го следите промотивното емитување на видеото инаку дело на Динко Чвориќ/Dinko Čvorić – Doringo
Коментарите се затворени.