Битиќи во Гостивар: Државата поддржува инвестиции и отворање на нови работни места

Гостивар, 29 март 2023 (МИА) – Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денес ја посети компанијата за производство на душеци Алмеро во Гостивар која наскоро ќе отвори над тристотини работни места. Оваа компанија, добива поддршка од државата и како што нагалси Битиќи, тоа дава резултати и придонесува во рамномерниот регионален развој.

          – Алмеро е една од многуте компании кои ги поддржуваме и работи во плански регион кој е помалку развиен и е надвор од скопскиот регион. Со ова го поддржуваме и рамномерниот регионален развој. Компаниите како Алмеро се наш домашен производ и квалитет кој е извезуван на светските пазари и ќе продолжат да се развиваат со партнерската поддршка на Владата, изјави вицепремиерот Битиќи.

При посетата на фабриката, зменик пртеседателот на Владата имаше разговор со раководството и се запозна со плановите. Тој напомена дека Алмеро континуирано воведува ново ниво на квалитет и модерен дизајн на производи за спиење, душеци, наддушеци, кревети, перници, наменети главно за извоз. кон земјите европските и земјите од западен Балкан, Словенија Хрватска, Белгија, Швајцарија

– Оваа компанија покажува агилност во време на кризи и вложува во квалитетот и конкурентноста, токму поради ова Владата ја поддржува преку договорот за финансиската поддршка на вложувања во делот на мерките за пораст на капиталните инвестиции и приходи и за поддршка на зголемување на конкурентноста, рече Битиќи

Оваа гостиварска компанија добива финансиска поддршка за циклус од пет години (2021-2025), а минатата година добија 30 проценти од инвестицијата, односно околу 70 илјади евра. Лани започна со изградба на нов производствен капацитет и објект со површина од 13 илјади квадратни метри. Според плановите тоа ќе биде можност за отворање на нови тристотини работни места. Битиќи нагласи дека увозот на работна сила не е долготрајно решение и државата прави напори да ја подобри состојбата со недостигот на работници, посочувајќи го примерот на компанијата Алмеро

          – На ваков начин, со отворање на нови работни места, со преквалификација и низ процесот на дуално образование ќе се подобри состојбата со пазарот на трудот и недостигот од работна сила. Долгорочното решение е доквалификација, реквалификација на нашите луѓе кои живеат тука и да се стекнат со нови вештини кои им се потребни на компаниите, подвлече Битиќи.

згм

Коментарите се затворени.