Синглот „Куку“ на „The Hounds“ доби видеозапис (ВИДЕО)
Гостивар, 3 април 2023 – Рок квартетот „The Hounds“ го објавија видеозаписот на песната „Куку“, тема од нивниот последен албум. Утре (вторник 4 април во 12 часот) во „За прв пат на радио“ ќе има радио промоција и заеднички ќе го преслушаме овој сингл.
Станува збор за впечатлива и динамична песна која е дел од нивниот втор студиски албум „Самосвест“ (издаден лани на 14 годишнината од постоењето).
Промоцијата на видеото беше на нивниот Јутјуб канал на првиот ден од април и достигна речиси четири илјади прегледи.
Видео продукцијата на спотот е на Студио 163 и го режираше Јосиф Трајкоски. Во спотот глуми Зоран Иваноски.
Музиката и текстот на синглот „Куку“ се дело на целиот бенд, а аранжманот е на Јордан Манов. Пораката во песната е актуелна и го следи секојдневие во Македонија. На овој начин стануваат добредојдени во етерот и го заслужуваат вниманието на публиката.
Покрај „Куку“, на програмата на Radio G во наредниов период ќе се емитуваат и други од албумот што содржи седум нумери.
Ова дискографско издание е работено (снимање и продукција) во студиото Devils Eye Studio на Јордан Манов. Покрај прилепскиот квартет како гости се појавуваат познати одлични музички имиња од Македонија, како Весна Малинова, Николче Мицевски, Бранислав Николов (Пијан Славеј) и Дамјан Пејчиноски.
„The Hounds“ претходно го издаде албумот „Кај ни се срцата?“ а како што најавуваат од бендот во моментов се работи на нов материјал ЕП што треба да излезе во етер до крајот на годинава.
Коментарите се затворени.