Работилница посветена на аутизмот „Сакај ме – разбери ме – прифати ме“
Гостивар, 4 април 2023 (МИА) Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на аутизмот, Одделението за социјална, здравствена и детска заштита при општина Гостивар, организираше работилница: „Сакај ме – разбери ме – прифати ме“ чија цел е рано откривање на аутизмот и соочување со предизвиците кои ги носи ова невроразвојно нарушување.
Имрлије Салиу од Одделението за социјална, здравствена и детска заштита на почетокот на работилницата кажа дека ќе се понудат совети на родителите и на сите лица кои се соочуваат со аутизам, за рано препознавање на симптомите и чекорите кои треба да се направат при соочувањето со предизвик што е можно полесно да поминуваат со состојбата.
Дефектологот Самир Грбле, кој работи во Центарот за аутизам „Блу пазл“ (Blue Puzzle) во Гостивар, напомена дека во моментов во центарот триесетина аутистични лица добиваат целосно бесплатно услуги.
– На сила се нови законски измени и регулативата која предвидува повеќе промени што одат во полза на сите кои се засегнати. Тоа ќе биде споделено и објаснето на учесниците, рече Грбле.
Тој напомена дека според бројот на жители и светските статистики се претпоставува дека во полошкиот регион бројката на аутистични е околу 1.500 лица. Изминатава година од околу 200 направени контроли центарот „Блу пазл“ (Blue Puzzle), кај близу 140 лица се дијагностицирани нарушувања од аутистичниот спектар.
На работилницата, покрај дефектологот Грбле излагања имаа: Афердита Хамза – раководител на Одделението за социјална, здравствена и детска заштита, Зумрета Џемаили-рехабилитатор – логопед и психологот Самије Вејсели.
Коментарите се затворени.