Тешко повреден работник во рудникот Чајле

Гостивар, 5 април 2023  –  Едно лице се задобило со повреди на главата додека работел на машина во рудникот Чајле.

Случајот е пријавен вчера (4 април) во 12.25 часот во СВР Тетово. Од таму информираат дека  дека во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ со тешки телесни повреди бил донесен И.Е.(60) од Гостивар. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во гостиварско Старо Чајле. По пријавувањето, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, а за случајот бил запознаени Јавен обвинител и трудов инспектор.

згм

Коментарите се затворени.