Полицијата ги подучува средношколците како да се однесуваат на спортски натпревари
Гоствивар 6 април 2023 – СВР Тетово започна со спроведување на нов превентивно-едукативен проект „ Превенција од насилство во спортот“, чиј носител е Отсекот за превенција. Целта е да преку информирање и едукација навреме да се превенираат можни инциденти и други несакани настани на спортските натпревари.
– Со проектот ќе бидат опфатени околу 3000 ученици од трета година, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик во сите тетовски и гостиварски училишта.
Овој и наредниот месец, стручно обучени полициски службеници на учениците-средношколци, на посебни часови, ќе ги информираат за законските импликации предвидени во Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. На предавањата ќе им биде укажано и на казните доколку непосредно бидат инволвирани во инциденти на натпревари или манифестации од спортска природа и карактер.
На часовите, на учениците ќе им се укаже и на општествената и друга потреба за меѓусебно почитување и толеранција, без разлика на нивната етничка, верска и друга припадност, за воздржување од говор на омраза и за надминување на разните видови предрасуди и стереотипи.
Коментарите се затворени.